Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Атлетико Мадрид влегува во трка за Рабио

/

пред 1209 дена

Сподели преку :

Адриен Рабио летово дефинитивно си заминува од Јувентус. Францускиот репрезентативец во моментов има две понуди и наскоро се очекува неговата конечна одлука каде ќе ја продолжи кариерата.
Дваесет и осум годишниот играч од средниот ред има статус на слободен играч, а Старата дама не покажува интерес за продолжување на соработката.

Рабио и минатото лето беше на чекор до заминување од Торино, но решавачки за некомплетирање на трансферот во Манчестер Јунајтед беше сумата која неговата мајка ја бараше за потпис на договорот.

Клубот од Олд Трафорд повторно е во пол позиција за ангажирање на Рабио, кој сега има далеку поприфатливи финансиски услови, но во меѓувреме интерес за него покажува и Атлетико Мадрид, а тренерот Диего Симеоне очекува дека клучна улога во комплетирање на трансферот ќе има неговиот сонародник Антоан Гризман.

ФОТО: Игор Паневски