Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со 471 активни од Ковид 19 тетовскиот регион се искачи на второто место

/

пред 2164 дена

Сподели преку :

Со 471 активно болно лице од Ковид 19 тетовскиот регион се искачи на второто место на листата на Институтот за јавно здравје, заедно со Струмица. Бројките на нови случаи секојдневно растат. Само во изминативе 4 дена се регистрирани вкупно 155, а најмногу имало во средата 64. И минатата недела имавме двојно зголемување на бројките за разлика од летниот период, при што за 7 дена позитивни на тестот за ковид биле 205 лица. Од почетокот на пандемијата до сега вкупната бројка заразени со ковид достигна 2 078.

Според епидемиолозите широката трансмисија на болеста е поради тоа што лицата со Ковид 19 кажуваат само дел од нивните контакти, а дополнително мерките не се почитуваат целосно.

Дел од граѓаните на Тетово стравуваат за своето и за здравјето на своите најблиски, па носат заштитна маска, но има и такви коишто сè уште не веруваат во вирусот.

Во текот на изминатото деноноќие полицијата во Тетово за неносење заштита на лицето казнила 147 лица. На 121 лице, пак, изготвени им се нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а контроли им биле извршени на 890 лица со вакви решенија.

 

Данијела Билбилоска