Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Студентите по медицина од 6-та година помагаат во битката со Ковид-19

/

пред 2164 дена

Сподели преку :

Во тешката битка против пандемијата се вклучуваат и студентите од завршната 6-та година на општа медицина.

40 студенти се на помош на Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје-Скопје и ДСЗИ и учествуваат во изработка на анкетните листови на контактите на позитивните пациенти. Во наредните недели, дополнителен број на студенти ќе бидат распределени и во Центрите за јавно здравје низ земјава, најави министерот Филипче кој ги посети студентите.

-Вредни и мотивирани! Тоа се нашите студенти од шестта година по општа медицина кои помагаат во изработка на анкетните листови на контактите на ковид позитивните пациети во Институтот за јавно здравје. Денеска низ разговор ги охрабрив да продолжат да бидат пример за сите идни генерации здравствени работници кои се грижат за пациентите, пиша Филипче на својот фејсбук профил.