Дали административците во Управата за јавни приходи (УЈП) и во Царина ќе добијат повеќе пари ќе пресече скринингот во Брисел.
Премиерот Ковачевски чека резултати од проверката на нивната имотна состојба, бидејќи смета дека платите треба да се услогласат со имотот. Застана во одбрана на министерот за финансии Бесими, за кого тврди дека досега добро ја чува државната каса.











