Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Недановски: Се подготвуваме за генерален штрајк во УЈП

/

пред 1213 дена

Сподели преку :

Постапките за организација на генерален штрајк се во тек , вели Васе Недановски, претседател на претседател на Синдикалната организација на УЈП. Тој во вечерашната Топ Тема, вели дека за нив не претставува проблем тоа што се зголемени платите на врабтените во Министерството за финансии, туку тие се убедени дека според член 66 со законот за буџети и дополнително автентичото толкување донесено од Собранието поврзано со истиот член ги опфаќа и нив како институција.

  • Вработените требаше да го добијат тоа покачување затоа што според колективниот договор нема дел во членот кој вели да бидеме изземени. Во управата за јавни приходи одредени вработени со статус државни службеници земаат плата со покачување од 30%, но според новиот закон на УЈП тоа нема да може така, вели Недановски.

За брзо време според новиот закон на УЈП тие ќе се стекнат со статус даночни службеници и на нив ќе треба да им се намалат платите за 30% и дополнително 2.147 денари да им бидат одземени од платите.