27 јуни е датумот до кога треба да се спогодат вработените во УЈП и министрството за финансии. Во спротивно УЈП оди во генерален штрајк и целата држава ќе биде блокирана, изјави Васе Недановски, претседателот на синдикатот во УЈП, во вечерашната Топ Тема. Дополнително, поради прекршувања на законските одредби во колективниот договор и во УЈП и во Царина, државата по основ на тужби ќе треба да плати од шест до 10 илјади евра по вработен.











