Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Евтина струја преку ден ќе има, но од следната година?

/

пред 1211 дена

Сподели преку :

Дневна евтина тарифа на струјата ќе има но од следната година. Иако се очекуваше тоа да се случи од први јули сега, според информациите на Телма оваа поволност граѓаните ќе ја добијат од јули идната година.

Според неофицијални информации најверојатно од први јули ќе има и благо покачување на цената на струјата за граѓаните – едноцифрено.

ДДВ то за електричната енергија се враќа од 10 на 18%. Но владата одлучува по која цена ЕСМ ќе ја продава својата струја на универзалниот снабдувач.

Понудата државните електрани ќе ја достава во петок на тендерот на ЕВН Хоум.

Регулаторна пак се уште ги листа пресметките на енергетските компании Електродистробуција, МЕМО и Мепсо. Сепак нивното учество во крајната цена за домаќинствата е помало.

Каква цена ќе плаќат граѓаните во следните шест месеци најмногу ќе зависи од тоа колку ќе чини мегават час од државните електрани. Во моментов изнесува 56 евра.

Според прогнозите и на глобално ниво состојбата во енергетиката ќе биде тешка и следната зима.

Ќе сопре ли исплатата на плати во земјава? Финансии без конкретен одговор, УЈП најавува генерален штрајк