Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

И Велика Британија од четврток во карантин

/

пред 2163 дена

Сподели преку :

И Велика Британија воведува четири-неделен карантин, откако бројаката на заболени во земјата надмина еден милион. Во телевизоско обраќање пред нацијата, премиерот Борис Џонсон соопшти дека од четврток, граѓаните ќе мора да останат дома. Карантинот ќе трае до 1-ви декември.

Остануваат отворени училиштата и колеџите, како и универзитетите, бидејќи како што кажа Џонсон „не смееме да им го одземеме на децата образованието, не смееме да дозволиме овој вирус да им ја уништи иднината на децата, многу повеќе од она што досега го стори. Тие припаѓаат на училиште“, рече Џонсон.

Ако не може да работат од дома, луѓето ќе може да одат на работа, дозволено ќе биде вежбање и рекреација на отворено, како и да се излезе за медицински потреби или да се купат работи за дома.

Се затвораат пабовите, баровите и рестораните. Дозволена е само достава на храна.

„Сега е време да се преземе акција, инаку нема друга алтернатива„ рече Џонсон.

Во наредните неколку недели Џонсон најави масовно тестирање на населението со брзи тестови. Оптимст е дека ситуацијата ќе биде многу подобра на пролет.