Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Меси и Бускец повторно соиграчи – овој пат во Интер Мајами

/

пред 1200 дена

Сподели преку :

Лионел Меси има познато лице за нов соиграч во редовите на новиот клуб Интер Мајами, а тоа е Серхио Бускец.

Шпанецот, кој целата кариера претходно ја мина во дресот на Барселона, односно цели 15 години, си замина летово како слободен агент и кариерата ќе ја продолжи во Мајами заедно со Меси.

Бускец наводно одбил побогати понуди од клубови од Саудиска Арабија за да му се придружи на Аргентинецот во МЛС-лигата.

Двајцата минаа цели 13 сезони заедно како соиграчи во Барселона и освоија три трофеи во Лигата на шампиони, осум во Ла Лига и шест во Копа дел Реј.