Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почна жетвата на житните култури, цената на јачменот преполовена

/

пред 1206 дена

Сподели преку :

Почна жетвата на јачменот во Штипскиот и Овчеполски регион, годинава берзанската цена за половина намалена. Земјоделците од втората по големина житница во земјава велат дека во моментов јачменот се откупува по осум или девет денари за килограм, за разлика од лани кога била 18 денари. Сметаат дека производството е неисплатливо и поради дополнителните третирања на житните култури.

Се следи состојбата со жетвата на јачменот, по што ќе следи и жетвата на пченицата, лебното зрно. Со цел да им се излезе во пресрет на земјоделците денеска се најави и нова мерка, која е предложена од потсекторската група за жито.

Под јачмен годинава се очекуваат дека се засеани околу 45.000 хектари. Во наредниот период  ќе се следи и откупната цена на пченицата, по што потсекторската група за жито ќе побара мерки за земјоделците.

Викторија Димитрова Јованова