Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сончево и топло, попладне на север нестабилно – Временска прогноза за 28.6.2023

/

пред 1199 дена

Сподели преку :

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне и кон крајот на денот претежно во северните делови ќе има дестабилизација со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне и кон крајот на денот нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 20°C, а максималната од 27 до 35°C. Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 8.
Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

7 Лазарополе, 9 Попова Шапка, 10 Маврови Анови, Берово, 12 Крива Паланка, Битола, Крушево, 13 Тетово, Прилеп, Претор, Охрид, 14 Скопје-Петровец, 15 Виница, Штип, Струмица, Демир Капија, 16 Куманово, Велес, Кавадарци, 17 Скопје-Зајчев Рид, 19 Дојран, Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

4 Струмица.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/