Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По три ипол месеци пауза стигнаа првите патници на скопскиот аеродром

/

пред 2285 дена

Сподели преку :

Полетаа и слетаа првите авиони на скопскиот аеродром. Некои патници заглавени со месеци во земјава, одат во земјите каде што живеат, други пак заглавени во европските земји, едвај дочекаа да се отворат аеродромите во земјава за да стигнат дома.

Патувањата се со строго почитување на протоколите. Патниците пристигнуваат  на аеродром три часа пред летот. Роднините не смеат да влезат во аеродромот, а се редуцира и користењето на чекалните. Заштитни маски мораа да носат постојано. На влез ги дезинфицираат рацете, а на термална камера се врши проверка дали имаат покачена температура. За сомнителните случаи на Ковид 19 има соба за изолација, каде ги преземаат посебни медицински тимови.

Првиот авион полета во 6 утринава за Стокхолм, па потоа и за Бремен, а слета на „Туркиш ерлајнс“од Истанбул. Првите летови пак од Охридскиот аеродром ќе бидат за и од Цирих и Милано.