Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Луис Енрике го презема Пари Сен Жермен

/

пред 1194 дена

Сподели преку :

Поранешниот тренер на Барселона и селектор на репрезентацијата на Шпанија, Луис Енрике ќе биде нов тренер на Пари Сен Жермен.

По долготрајни преговори двете страни конечно успеале да се договорат, а официјалната промоција на новиот шеф на стручниот штаб се очекува во следниве денови откако францускиот првак ќе ги реши сите детали околу раскинот на соработката со досегашниот тренер Кристоф Галтие.

Луис Енрике со Пари Сен Жермен ќе потпише договор на две години и се очекува тој да заработува осум милиони евра по сезона.

Шпанецот долго време се споменуваше како најдобра опција за преземање на екипата со оглед на фактот дека во декември минатата година по елиминацијата тој се повлече од селекторската функција во Шпанија и за неговиот ангажман Пари Сен Жермен нема да плаќа обештетување како што беше во случајот со неколку потенцијални кандидати за нов шеф на струката.

ФОТО: Игор Паневски