Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Катарскиот шеик го презема Манчестер Јунајтед

/

пред 1194 дена

Сподели преку :

Иако се уште нема официјална потврда медиумите во Велика Британија пишуваат дека шеикот Јасим бин Хамад Ал Тани наскоро ќе биде промовиран во нов сопственик на Манчестер Јунајтед.

Ал Тани за преземање на клубот од Олд Трафорд ќе плати вкупно 5,5 милијарди фунти од кои една милијарда ќе биде искористена за расчистување на сите долгови кои се направени во времето додека семејството Глејзер раководело со Манчестер Јунајтед.

Вкупната вредност на акциите кои се во сопственост на членовите на семејството Глејзер се проценува на три милијарди фунти што значи дека шеикот Ал Тани ќе плати 2,5 милијарди повеќе од реалната вредност на клубот.

Останатиот дел од парите по расчистувањето на долговите ќе се искористи и за формирање на фонд за подобрување на клупската инфраструктура која беше ветена во понудата за купување на Манчестер Јунајтед.

Неофицијално вториот кандидат за преземање на клубот, британскиот милијардер Џим Ретклиф кој е сопственик на компанијата ИНЕОС се повлекол од трката откако стана јасно дека шеикот Ал Тани има понуда која семејството Глејзер нема да ја одбие.

Се шпекулира дека конечната одлука околу новите сопственици на Манчестер Јунајтед треба да биде позната во текот на следната недела.

ФОТО: Игор Паневски