Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Интер го блокираше трансферот на Брозовиќ

/

пред 1194 дена

Сподели преку :

Трансферот на Марцело Брозовиќ од Интер во Ал Наср се претвори во вистинска сапунска опера на која се уште не и се гледа крајот.

Хрватскиот репрезентативец веќе подолг период преговара со Ал Наср, а клучните проблеми околу комплетирањето на трансферот беа финансиските услови.

Откако Брозовиќ успеа да се избори за бараните 100 милиони евра за три годишен договор и се чекаше само потпис на договорот, сегашниот клуб на Хрватот реши да го блокира реализирањето на трансферот.

Интер со Ал Наср се договорил за обештетување од 23 милиони евра, но откако клубот од Саудиска Арабија ги договорил новите финансиски услови со Брозовиќ на Интер му се исплаќаат 13 милиони евра плус два во бонуси.

Токму поради тоа клубот од Џузепе Меаца решава да го блокира трансферот и ги бара дополнителните 10 милиони.

Во Италија сметаат дека оваа сума сепак на крајот нема да биде проблем за Саудијците и дека во следниве неколку часови таа ќе се исплати и Брозовиќ ќе може да замине во новата средина.

ФОТО: Игор Паневски