Маркус Тирам потпиша петгодишен договор со Интер и тоа како слободен агент откако му заврши соработката со Борусија Менхенгладбах.
Францускиот репрезентативец имаше одлични настапи во Бундеслигата и постигна 44 голови со 29 асистенции на 134 натпревари. Тирам треба да биде замената за Ромелу Лукаку, кој најверојатно нема да биде откупен од Челси.
Интерес за голгетерот ова лето имаше и од ПСЖ, кој му нудеше многу поголема плата, но Тирам се одлучи за Серија А и Интер.











