Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трагедија на „Спа“: Загина 18-годишен возач (ВИДЕО)

/

пред 1190 дена

Сподели преку :

Авто-мото спортот денеска е обвиен во црно откако трагично загина 18-годишниот возач Дилано вант Хоф на патеката „Спа“ во Белгија.

Вант Хоф го загуби животот во несреќа во кој учествуваа повеќе болиди на трката на „Спа“, која се возеше во тешки временски услови и силен дожд, а се одржа во рамки на Формула регионалниот европски шампионат во организација на Ф1 тимот Алпин. Младиот 18-годишен Холанѓанец, кој настапуваше за тимот на „МП Мотоспорт“ важеше за голем талент и во 2021 година го освои шпанскиот Ф4 шампионат.


Ова е втор трагичен настан на беглискиот автодром во последните четири години по смртта на Антоан Убер во рамки на Формула 2 шампионатот.