Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Макпетрол“: Нови, пониски, цени на метанот и на природниот гас во јули

/

пред 1199 дена

Сподели преку :

Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец јули ќе се намали за 0,62 % за мегават час, во однос на цената за месец јуни оваа година.

„Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на „Макпетрол“ се намалува за 0,50 денари за килограм (0,35 ден./лит.), во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 62 денари за килограм, односно новата цена ќе изнесува 61,50 денари за килограм или 43,54 денари за литар“, се наведува во соопштението на компанијата.