Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Барселона го промовираше Ињиго Мартинез

/

пред 1189 дена

Сподели преку :

Ињиго Мартинез потпиша двегодишен договор со Барселона како слободен агент откако му истече договорот со Атлетик Билбао. Централниот дефанзивец кој има 32 години беше поврзуван со трансфер на „Камп Ноу“ уште во јануари, но клубот сега го потврди договорот.

Мартинез е продукт на младинската академија на Реал Сосиедад, тим за кој одигра 200 натпревари пред да се пресели во Билбао за 32 милиони евра во 2018 година.

Стоперот е второто летно засилување за Барселона по Илкај Гундоган, кој исто така потпиша како слбоден агент по истекот на договорот со Манчестер сити.