Во обид сами да го средат дефектот жители на Слупчане предизвикале поголем и сега без струја се Оризаре, Ваксинце и Лојане.
Синоќа пак со блокирање на главниот пат кој води до селото ги спречиле екипите на ЕВН да интервенираат.
Кражбите на електрична енергија во ова село се огромни и на годишно ниво се пресметуваат во милионски суми, а наплатата е само 20%.
За Вестите на Телма од Слупчане се јави Павле Беловски кој разговараше со градоначалникот Арифи.











