Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кошаркарските надежи атакуваат на првата победа на ЕП

/

пред 1184 дена

Сподели преку :

Македонската машка кошаркарска репрезентација попладнево од 18 часот и 30 минути во салата на СРЦ Кале против Словачка ќе го одиграат вториот натпревар од Европското првенство Б дивизија за играчи до 20 години.

По вчерашниот дуел со Чешка во кој имавме шанса за победа, но поради лошата игра во последниот период забележавме пораз, вечерва нашите кошаркарски надежи атакуваат на првиот триумф со кој ќе се направи крупен чекор кон пласман во вториот круг од натпреварувањето.

Во вториот натпревар од денешната програма во нашата А група од 21 часот, Чешка за противник ја има репрезентацијата на Бугарија.

ФОТО: Игор Паневски