Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Парамаунт + генерален спонзор на Интер

/

пред 1186 дена

Сподели преку :

Откако компанијата Парамаунт + не доби дозвола да преговара за потпишување на спонзорски договор со Челзи, таа е на најдобар пат да најде заеднички јазик со челниците на Интер.

Клубот од Џузепе Меаца уште во април оваа година остана без генерален спонзор и по неколкуте неуспешни обиди за продолжување на соработката со ДигиталБитс сега ќе потпише договор со Парамаунт + чие лого беше на дресовите на финалето од Лигата на шампионите.

Неофицијално соработката ќе трае во следните три години, а според договорот Интер по сезона ќе инкасира сума од 20 милиони евра што е за десет милиони помалку во однос на претходниот спонзор.

Интер во последниве години постојано се соочува со проблеми околу спонзорските договори бидејќи неславно заврши и соработката со Пирели која беше генерален спонзор пред доаѓањето на ДигиталБитс.

ФОТО: Игор Паневски