Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓорческа без трофеј во двојки на турнирот во Летонија

/

пред 1184 дена

Сподели преку :

Лина Ѓорческа не успеа да го освои трофејот во игра на двојки на ИТФ турнирот што се одржа во летонскиот град Лиепаја.

Таа во финалето заедно со Турчинката, Чагла Бујукакчај во три сета со 6:4, 2:6 и 10:3 беше совладана од домашната комбинација Дарја Семенитскаја – Даниела Висмане во меч што траеше еден час и 26 минути.

Семенитскаја има можност да стигне и до титулата во поединечна конкуренција откако по победата над Кристина Дину од Романија во утрешното финале ќе се соочи со Џеси Ени од САД која славеше дуелот против Далила Спитери од Италија.

ФОТО: Игор Паневски