Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Атлетико го официјализираше трансферот на Кондгбија

/

пред 2160 дена

Сподели преку :

Играчот од средниот ред, Џефри Кондогбија од денеска и официјално е член на Атлетико Мадрид и потпиша договор до 2023 година.

Кондогбија во шпанската престолнина се сели откако Ла Лига го одобри трансферот од Валенсија бидејќи Атлетико доби дозвола да ангажира играч надвор од преодниот рок како замена за фудбалер што си заминал на последниот ден од трансфер периодот.

За замената за Томас Парти кој се пресели во Арсенал, Атлетико плати обештетување од 15 милиони евра, а фудбалерот од Централно африканската република претходно го носеше дресот на Интер, Монако, Севилја и Ленс.