Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Реал Мадрид во исчекување на Мбапе отвора простор во буџетот за плати

/

пред 1185 дена

Сподели преку :

Според пишувањето на медиумите во Шпанија, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез веќе има изготвено план како да ги исполни условите за финансиски фер плеј и да отвори простор во буџетот за плати доколку на Сантијаго Бернабеу пристигне Килијан Мбапе.

Неофицијално првиот човек на Кралскиот клуб е подготвен да ги продаде Федерико Валверде и Орелан Чуамени кои заедно годишно инкасираат 21 милион евра.

Со евентуалните трансфери на двајцата фудбалери се планира да се инкасира сума од околу 150 милиони евра кои може да се искористат како дел од парите кои Реал треба да му ги исплати на Пари Сен Жермен доколку Мбапе летово пристигне на Сантијаго Бернабеу.

Перез веќе има понуди за комплетирање на трансферите на двајцата и според последните информации Валверде би заминал во Ливерпул додека Чуамени е листата на желби на предводникот на Арсенал, Микел Артета.

ФОТО: Игор Паневски