Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) И утрово не е исчистено ѓубрето – Работниците од трета смена синоќа ги дочека листа со имиња на вработени кои добија отказ

/

пред 1197 дена

Сподели преку :

И утрово не се испразнети контејнерите од скопските улици. Иако од „Комунална Хигиена“ соопштија дека веќе се на терен и дека го собираат наталоженото ѓубре сепак најверојатно тоа е претешка мисија за да се собере за 24 часа.

Работниците од трета смена синоќа ги дочека листа со имиња на вработени на кои им е прекинат работниот однос. Меѓу отпуштените се вработени кои учествуваа во блокадите пред претпријатието. Претставникот на работниците Насер Биљал во изјава за Телма вели баравме леб, а добивме откази. Во утринските вести, со него разговараше Сотир Трајков.