Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Семејството на Фејзулаи ретко доаѓало во Челопек, напаѓачот никој не го познава

/

пред 2160 дена

Сподели преку :

Во тетовски Челопек денес се чувствуваше вознемиреност по веста дека терористичкиот напад во Виена го извршило лице кое потекнува од селото. Според жителите, семејството на Кујтим Фејзулаи пред повеќе од 30 години заминало надвор од државата, односно најпрво одреден период престојувале во Хрватска, а потоа се преселиле во Австрија. Повеќе детали не знаат за нивниот живот, бидејќи никој од фамилијата веќе не живее во Челопек, но потенцираат дека биле пристојно семејство и дека никој не очекувал вакво нешто од синот, за кого велат дека не го познаваат.

Челопечани го осудуваат настанот и велат дека тоа што нивното село се спомнува во негативен контекст ќе има реперкусии врз нивните сонародници, кои во голем број работат во Австрија.

Жителите не паметат ваков немил настан поврзан со нивното село и велат да не се повтори.

Данијела Билбилоска