Фудбалерите на Македонија ЃП во првиот меч од стартното квалификациско коло во Конференциската лига се поразени во Скопје со 1:0 од летонскиот претставник РФС Рига.
Мечот се одигра по исклучително жешко време, а во скопскиот пекол подобро се снајдоа гостите кои со погодокот на Андреј Илиќ во 34. минута обезбедија предност од еден погодок пред реваншот за седум дена во Рига.
ФОТО: Игор Паневски


























