Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓорческа во четвртфиналето на ИТФ турнирот во Рим

/

пред 1178 дена

Сподели преку :

Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја продолжи победничката низа на ИТФ турнирот во Рим што се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Ѓорческа во второто коло по голема борба во меч што траеше 2 часа и девет минути во три сета со 4:6, 6:2 и 6:3 триумфираше над Жибек Куламбаева од Казахстан.

Утре за место во полуфиналето Ѓорческа ќе се соочи со Шон Мендез од Австралија, а почетокот на дуелот е закажан за 15 часот и 30 минути.

На ИТФ турнирот во романскиот град Бакау, Магдалена Стоилковска играше против домашната тенисерка Симона Огеску, а дуелот е прекинат во вториот сет при резултат 3:6 и 3:3, а продолжението е закажано за в петок.

Утре првиот македонски рекет во машка конкуренција, Калин Ивановски за пласман во полуфиналето на АТП Челенџерот во Јаши ќе се сретне со Канаѓанецот, Стивен Диез.

ФОТО: Игор Паневски