Шкендија во првиот дуел од квалификациското коло во Конференциската лига го совлада велшкиот претставник Хаверфордвест со 1:0 и со минимална предност заминува за реваншот што ќе се одигра за седум дена.
Тетовци доминираа во текот на сите 90 минути, креираа шанси, но само една топка заврши во мрежата на гостинскиот голман, а стрелец на единствениот погодок беше Аденис Шала во 47. минута од натпреварот.
ФОТО: Игор Паневски


























