Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Еурофарм Пелистер бара одложување на мечот со Шафхаузен

/

пред 2159 дена

Сподели преку :

Поради позитивни резултати на последното тестирање ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од ЕХФ побара следниот натпревар од Лига Европа да се одложи.

“РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека и покрај строгите протоколи, принципиелноста и внимавањето, детектирани се позитивни случаи на ковид-19 во ростерот на екипата. По враќањето на тренинзи на ракометарите кои не се повикани во дресот на националните репрезентација, редовното тестирање пред продолжување со тренинзи евидентирани се неколку позитивни тестови на коронавирус, поголемиот дел асимптоматски.

Клубот ги прекина планираните тренинзи и позитивните случаи заминаа во изолација. Со оглед на тоа што се очекува враќање на репрезентативците и нови тестирања, клубот ќе испрати барање до ЕХФ за одложување на натпреварот од третото коло на групата Д на Лига Европа против Кадетен Шафхаузен на 17 ноември во 18:45 часот.

Клубот им посакува заздравување на заразените и наскоро ќе се огласи со следните чекори за обновување на тренинзите“, стои во соопштението од клубот”.