Јан Зомер е пред трансфер во редовите на Интер. Швајцарскиот голман треба да биде замената за Андре Онана на „Џузепе Меаца“, кој заминува во Манчестер јунајтед.
Зомер веќе ги договорил личните услови со италијанскиот клуб, кој сега треба да преговара со Баерн Минхен околу обештетувањето. Наводно Интер ќе понуди околу шест милиони евра за чуварот на мрежата, кој има договор со Баварците до јуни 2025 година.











