Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фабињо им се придружува на Бензема и Канте во Ал Итихад

/

пред 1180 дена

Сподели преку :

Фудбалерот на Ливерпул, Фабињо е пред трансфер во редовите на Ал Итихад од Саудиска Арабија. Бразилецот не отпатува со „црвените“  на турнејата во Германија во рамки на летните подготовки.

Преговорите помеѓу двата клуба се во тек, а се очекува премиерлигашот да инкасира околу 40 милиони евра обештетување од трансферот. Фабињо веќе ги договорил личните услови со Ал Итихад. Овој клуб летово се засили со Карим Бензема од Реал Мадрид, Енголо Канте од Челси и Жота од Селтик.