Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Реијндерс ќе биде петтото летно засилување за Милан

/

пред 1180 дена

Сподели преку :

Милан и АЗ Алкмар се во завршни преговори за трансферот на Тиџани Реијндерс. Холанѓанецот ќе се пресели на „Сан Сиро“ за обештетување од 20 милиони евра плус бонуси.

Се работи за 23-годишен фудбалер, кој игра во средниот ред и изминатите неколку сезони импресионираше во дресот на АЗ. Тој веќе ги договорил личните услови со италијанскиот тим и наводно во меѓувреме одбил понуда од Барселона.

Милан летово се засили и со голманот Марко Спортиеоло, Лука Ромеро, Рубен Лофтус Чик и Кристијан Пулишиќ. Официјалната промоција на Реијндерс би требало да биде во текот на идната недела.