Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Чистка во Севилја, Мендилибар ги одреди прекубројните

/

пред 1178 дена

Сподели преку :

Пред почетокот на подготовките за новата сезона шефот на стручниот штаб на Севилја, Хозе Луиз Мендилибар заедно со спортскиот директор Виктор Орта ја составија листата од 12 фудбалери кои може да ја сменат средината.

Тренерот на освојувачот на трофејот во Лига Европа во моментов на располагање има 29 фудбалери што е пред се огромно оптоварување на буџетот за плати и поради тоа донесена е одлука да се дозволи на дел од нив да најдат нов клуб.

На списокот на прекубројни се Аугустинсон, Монтиел, Кармона, Дилејни, Оскар Ридригез Идризи, Папу Гомез, Корона, Јанузај, Рони Лопез, Рафа Мир и Луисми Круз и за некои од нив се преговара со заинтересирани клубови.

Парите што ќе се обезбедат од нивната продажба ќе се искористат за ангажирање на неколку засилувања што би ја направиле екипата конкурентна во трката за висок пласман во домашното првенство, но и подобар резултат во Лигата на шампионите.

ФОТО: Игор Паневски