Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ал Хилал за Рафиња нуди 40 милиони евра

/

пред 1178 дена

Сподели преку :

Наскоро уште еден фудбалер од Европа ќе замине во Саудиска Арабија и ќе потпише договор со Ал Хилал.

Клубот од Блискиот исток ги почнал преговорите со Барселона за комплетирање на трансферот на Рафиња кој по само една година мината на Камп Ноу ќе замине во нова средина.

Бразилецот минатото лето дојде во Барселона од Лидс за сума од 58 милиони евра, но не ги исполни очекувањата на Каталонците и веќе подолг период се говори дека тој ќе добие дозвола да замине во друг клуб.

Понудата од Ал Хилал е 40 милиони евра и се смета дека тоа е доволно челните на Барселона да се согласат да ја прекинат соработката и дека Рафиња наскоро ќе биде промовиран во ново засилување на Ал Хилал.

ФОТО: Игор Паневски