Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Арсенал не се откажува од трансферот на Каиседо

/

пред 1178 дена

Сподели преку :

Англискиот вицешампион Арсенал, летово потроши 230 милиони евра на засилувања, а до крајот на летниот преоден рок има уште еден приоритет, а тоа е комплетирање на трансферот на Моисес Каиседо.

Репрезентативецот на Еквадор одигра извонредна сезона во дресот на Брајтон и тоа е причина повеќе за него да се заинтересираат повеќе клубови од самиот врв во Премиер лигата.

Причина повеќе за зголемениот интерес е и фактот што тој има само 21 година и сите клубови сметаат дека тоа е добра инвестиција за во иднина.

Најголем проблем околу реализацијата на трансферот е висината на обештетувањето од 100 милиони фунти кое го бара Брајтон, а дека клубот е сериозен во намерата добро да заработи од неговото заминување е фактот што неодамна беше одбиена понудата од Челзи вредна 80 милиони фунти.

Моисес Каиседо со Брајтон има договор до 2027 година, а покрај Челзи и Арсенал интерес за него покажаа уште Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

ФОТО: Игор Паневски