Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Македонија го освои второто место на ЕП Б дивизија

/

пред 1176 дена

Сподели преку :

Кошаркарската репрезентација на Македонија не успеа да триумфира во решавачкиот меч за првото место на Европското првенство за играчи до 20 години, Б дивизија.

Во финалето нашите кошаркарски надежи се поразени од Чешка со 85:72, но и со освоеното второ место на турнирот нашата селекција на следниот шампионат ќе биде дел од елитата на Стариот континент.

Нашите кошаркарски надежи беа рамноправен противник во текот на целиот натпревар, но сепак во завршницата противникот имаше неверојатна реализација за три поени која на крајот им донесе и победа.

Најефикасни во нашиот состав беа Теодор Симиќ со 23 поени, кој воедно се најде и во идеалната петорка на првенството, а Петков беше стрелец на 14 поени.

ФОТО: Игор Паневски