Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нова министерска тројка во мисија за убедување на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени

/

пред 1191 дена

Сподели преку :

Нова министерска тројка денеска пристигнува во Скопје за да ја убеди опозициската ВМРО-ДПМНЕ за потребата од уставни измени и продолжувањето на евроинтеграциите на земјата.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ ќе биде домаќин на Лоранс Бун, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Франција, Ана Лирман, министерка за Европа и клима на Германија и министерот за Европска Унија на Полска, Шимон Шинковски вел Сенк.

Трojцата министри доаѓаат во дводневна официјална посета на Скопје, а во рамки на посетата „Вајмарската тројка“ ќе се сретне и со премиерот, со претседателот Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието и со координаторите на пратеничките групи.

Минатата недела во посета на Македонија беа министерките за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словачка, кои меѓу другото се сретнаа и со Мицкоски. Министрите не открија што точно им кажал опозицискиот лидер на средбата, но тие му порачале дека предвремени избори не се решение, односно дека се контрапродуктивни, а уставните измени мора да се донесат до крајот на годината. Во спротивно Македонија се соочува со изолација од европскиот пат.