Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Арбитражата да не се користи како закана, јавноста да не се заплашува со висока државна отштета кон концесионерот – порака од правниците

/

пред 1190 дена

Сподели преку :

Арбитражниот суд да не се користи како закана, порачуваат правниците. Правникот Влатко Токарев, кој магистрирал деловно и инвестициско право на престижниот Кембриџ, вели дека не смее јавноста да се заплашува дека државата ќе плаќа висока отшета кон концесионерот. Тој потенцира дека држвата има силни правни аргументи на кои може да се повика и при евентуална тужба да има позитивен исход. Токарев објаснува дека треба да се исполнат два услова за државата да се појави на арбитражен суд – да се прогласи надлежен за таква тужба и да се утврди дека Македонија ги има прекршено обврските од склучени меѓународни договори, односно инвеститорот да се повика на важечка и применлива арбитражна спогодба.

Токарев вели дека постои мала можност поради последниот инвеститор кој купи акции во „Еуромакс“, тетовски „Еколог“ преку холандскиот НДИ холдинг. Но, и во овој случај постои голема веројатност да не се прифати, поради тоа што станува збор за индиректна сопственост.

Активистите против рудник над селата Иловица и Штука и претходно обвинуваа дека арбитражата се користи како изговор за отворање на рудникот, но и легална можност за злоупотреба на државниот буџет со прифаќање на високи суми за отштета на концесионерот.

Сузана Мицева