Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Струга ТЛ елиминирана од Жалгирис, продолжува во КЛ

/

пред 1176 дена

Сподели преку :

Првакот на Македонија, Струга ТЛ не успеа да го продолжи настапот во квалификациите од Лигата на шампионите и по поразот од Жалгирис со 2:1 ги продолжува настапите во Конференциската лига.

Стружани пропуштија можност да се пласираат во втората рунда од квалификациите во елитното натпреварување каде ќе се соочеа со Галатасарај, а по денешниот неуспех во продолжението од сезоната следува двомеч со црногорскиот претставник Будуќност.

Струга поведе во 76-тата минута со погодокот на Бесарт Ибраими од пенал, но само две минути подоцна Јури Кендиш се запиша во листата на стрелците за израмнување на резултатот.

Кога се очекуваше дека победникот во овој дуел ќе се решава по продолженија од два пати по 15 минути, Сава Радиќ несмасно реагираше во сопствениот шеснаесетник и ја смести топката во сопствената мрежа за водство на противникот, кој на крајот беше и конечен резултат.

ФОТО: Игор Паневски