Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Работнички и Феникс во третиот квалитативен сад

/

пред 1172 дена

Сподели преку :

Двата македонски претставници кои се пријавија за настап во квалификациите на ФИБА Европскиот куп ги добија имињата на потенцијалните ривали.

Работнички и Феникс 2010 се сместени во третиот сад заедно со Анортозис Фамагуста (Кипар), Падрубице (Чешка), Тиндастол (Исланд), Невезис (Литванија) и Борас (Шведска.

Меѓу носителите се Донар Гронинген (Холандија), Порто (Португалија), Егис Корменд (Унгарија), Керванос (Кипар), Парну Садам (Естонија), Сарагоса (Шпанија) и Катаја (Финска).

А во вториот сад сместени се Трепча (Косово), Јамтланд (Шведска), Бнеи Херзилија (Израел), Рапид Букурешт (Романија), Маниса (Турција), Рошток (Германија) и Черноморец (Бугарија).

Во последниот четврти сад е само една екипа и тоа претставникот на Азербејџан, Сабах.

Екипите ќе бидат поделени во шест групи по три и една со четири тима, а место во следната фаза обезбедува само победникот од секоја конкуренција.

Жрепката за квалификациските групи во ова натпреварување ќе биде извршена на осми август во Минхен.

ФОТО: Игор Паневски