Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шкупи веќе во второто коло, Шкендија брани предност, Македонија ЃП брка сензација

/

пред 1174 дена

Сподели преку :

Вечерва трите македонски претставници во Конференциската лига на УЕФА ќе ги одиграат реванш натпреварите од првото квалификациско коло.

Фудбалерите на Шкупи по гостинскиот триумф од 5:0 над Хегелман вечерва од 21 часот на арената Тодор Проески само ќе го потврдат пласманот во следната рунда и овој дуел е одлична проверка пред дуелот од следната рунда против Левски.

Шкендија на гостувањето во Велс против Хавердфорвест брани предност од 1:0 и според квалитетот реално е да се очекува дека Тетовци ќе ја минат првата пречка во третото по ранг европско клупско фудбалско натпреварување. Натпреварот што ќе се одигра во Кардиф почнува во 20 часот и 45 минути.

Најтешка задача има Македонија ЃП која по првото соочување на домашен терен против беше поразена со 1:0 ќе се обиде да направи сензација против РФС и да забележи гостинска победа по која и ќе го продолжи натпреварувањето. Почетокот на мечот во Рига е закажан за 17 и 30.

ФОТО: Игор Паневски