Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Челзи ја зголеми понудата за трансфер на Каиседо

/

пред 1174 дена

Сподели преку :

Новиот менаџер на Челзи очигледно дека не се откажува од намерата во текот на летниот преоден рок да го ангажира фудбалерот на Брајтон, Моисес Каиседо.

Откако клубот од југот на Англија веќе неколку пати ги одбиваше понудите прво на Арсенал, а потоа и Челзи со инсистирање на обештетување од 100 милиони фунти, екипата од Стемфорд бриџ најави дека е подготвена да ја зголеми сумата.

На претходните 70 милиони фунти сега Челзи е подготвен да плати дополнителни 10, а се со една цел младиот репрезентативец на Еквадор да се пресели во Лондон.

Арсенал по трансферот на Деклан Рајс се откажа од трката за ангажирање на Каиеседо и сега единствен кој остана во конкуренција е токму Челзи, а Почетино се надева дека новата подобрена понуда ќе биде прифатена и тој во многу кус рок ќе има ново име во составот.

ФОТО: Игор Паневски