Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Шкупи рутински во следното коло, подготвен за мечот со Левски

/

пред 1174 дена

Сподели преку :

Фудбалерите на Шкупи и покрај нерешениот резултат во реваншот без голови против Хегелеман успеаа да се пласираат во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.

Чаирчани имаа можност и за убедлива победа, но не успеаа да реализираат неколку извонредни шанси за погодок.

Сепак на крајот решавачки беше триумфот во првиот дуел на гостувањето во Литванија кога нашиот претставник славеше со 5:0.

Практично Шкупи е единствениот македонски претставник во европските клупски натпреварувања кој го елиминираше својот противник, а во конкуренција остана и Струга која по елиминацијата во квалификациите од Лигата на шампионите следната среда во Охрид во втората рунда е домаќин на Будуќност од Подгорица.

Следен противник на Шкупи е Левски од Софија, а првиот натпревар се игра во Скопје веќе следниот четврток.

ФОТО: Игор Паневски