Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

НБА сезоната најверојатно ќе почне во декември

/

пред 2158 дена

Сподели преку :

Новата сезона во НБА лигата најверојатно ќе почне на 22 декември иако на овој термин остро се спротивставија кошаркарите кои сметаат дека би имале премалку време за одмор меѓу двата шампионати.

Телевизиската станица ESPN  потенцира дека на крајот играчите ќе попуштат во своите ставови бидејќи секое доцнење на почетокот на сезоната значи и огромни загуби за тимовите со што ќе се доведе во прашање финансиската стабилност и доколку се стартува по Новата година тогаш кошаркарите ќе мора да се соочат со намалување на платите од најмалку 18 проценти.

Планот на НБА е новата сезона да почне да 22 декември, во првиот дел да се играат 72 натпревари, а разигрувањето за титулата да заврши во јуни, се со цел играчите да можат да настапат на Олимписките игри во Токио.

Доколку двете страни успеат да се согласат околу терминот на почеток на лигата, драфтот ќе се одржи на 18 ноември, од 19 слободните агенти ќе можат да ја менуваат средината, а веќе од први следниот месец тимовите ќе почнат со подготовки за новата сезона.