Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Победи на Шпанија и Швајцарија, Канада и Нигерија освоија по бод

/

пред 1173 дена

Сподели преку :

На вториот ден од Светското првенство во фудбал во женска конкуренција што се одржува во Австралија и Нов Зеланд се одиграа три натпревари.

Во мечот од А конкуренцијата Швајцарија славеше со 2:0 во дуелот против дебитантот Филипини, а стрелци на головите беа Рамона Бахман во 45. и Серејн Пиубел во 64. минута.

Во првиот меч од Б групата, Канада и Нигерија освоија по бод откако во нивното соочување мрежите мируваа, а Канаѓанките имаа можност да постигнат погодок, но ударот од 11 метри што го изведе Кристин Синклер го одбрани Шамака Н’Надозие.

Во вториот натпревар од оваа конкуренција, Шпанија триумфираше над Костарика со 3:0. Црвената фурија поведе со автоголот на Валерија дел Кампо во 21. минута. Две минути подоцна Аитана Бонмити зголеми на 2:0, а во 27. Гонзалез Родригез го постави конечниот резултат.

Шпанија имаше можност и за поубедлива победа, но Џенифер Хермосо не реализираше удар од белата точка.

Утре ќе се одиграат четири натпревари. САД за противник ја имаат селекцијата на Виетнам, Замбија се среќава со Јапонија, Англија е апсолутен фаворит во мечот против Хаити додека Данска игра со Кина.

ФОТО: Игор Паневски