Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата бара солидарност од компаниите кои оствариле вишок профит во услови на криза

/

пред 1184 дена

Сподели преку :

Владата бара солидарност од компаниите кои во услови на криза оствариле вишок профит. Средствата ќе се користат за финансирање на Програмата за мерките за справување со кризата. Опозицијата не `и верува. Законот не содржи детали како ќе се трошат парите, што предизвикува сомневање за злоупотреба. 

Владата објаснува дека се работи за еднократна, вонредна и привремена јавна давачка. Поради глобалната криза, слична мерка наречена данок на екстра профит е воведен и во други европски земји. 

Владата не прифати повлекување на законот, ниту дополнителна јавна расправа. Го испрати во Собранието со европско знаменце, и покрај забелешките на Стопанската комора дека селективно опфаќа само поголеми компании со приход над 615 милиони денари, ги доведува во неповолна положба компаниите кои имале инвестиции претходните години и создава несигурност. Амандманската расправа во комисиите за европски прашања и законодавно-правна може да трае најмногу три работни дена, по што законот оди на пленарна седница.

 Соња Николовска