Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Германките со најубедлива победа на Мундијалот

/

пред 1170 дена

Сподели преку :

На Светското првенство во женска конкуренција денеска се одиграа три средби.

Во првиот натпревар од Х конкуренцијата Германија го декласираше Мароко со 6:0 и ја забележа најубедливата победа во досегашниот тек од Мундјалот во женска конкуренција.

Германките по првиот дел со головите на Александра Поп имаа предност од 2:0, а на почетокот од вториот дел Клара Бул зголеми на 3:0, а во 54. минута Ханане Алт Ел Хаџ ја затресе сопствената мрежа за предност на противничките од 4:0.

Во 79. минута нов автогол овој пат на Зинеб Редуани, а конечните 6:0 ги постави Лее Шулер во последните моменти од натпреварот.

Во меч од Д групата, Италија славеше над Аргентина со 1:0, а единствениот гол беше дело на Кристијана Џирели во 87-та минута.

Бразил на отворањето од настапот на Светскиот куп триумфираше над Панама со 4:0. Првите два погодоци ги постигна Ари Боржес, а на 3:0 зголеми Биа Занерато.

Конечниот резултат го постави Боржес и тоа е првиот хет-трик на шампионатот.

ФОТО: Игор Паневски