Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Две злата за Кина на вториот ден од СП во пливање

/

пред 1169 дена

Сподели преку :

Вториот ден од Светското првенство во пливање мина без нов светски рекорд, но го одбележаа натпреварувачите од Кина кои се закитија со два златни трофеи.

На 100 метри градно славеше Хаи Јанг Чин со време од 57 секунди и 69 стотинки што втор најдобар резултат на сите времиња. Со среброто се закитија дури тројца пливачи, Николо Мартиненги од Италија, Холанѓанецот, Арно Каминга и Ник Финк од САД.

Ју Феи Жанг триумфираше во финалето на 100 метри пеперутка во женска конкуренција. Втора на целта пристигна Маргарет МакНил од Канада и Американката, Тори Хаски.

Италијанецот, Томас Чекон беше најбрз во трката на 50 метри пеперутка. Среброто му припадна на Диого Матош Рибеиро од Португалија, а трет е Максим Грусе од Франција.

И во последното финале од денешната програма доминација на пливачките од САД. Во трката на 200 метри мешано злато за Кејт Даглас, која триумфираше пред сонародничката Алекс Волш, а на третото место се пласираше Ји Тинг Ју од Кина.